Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, едно лице почина

Денеска околу 12 часот се случи сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола. Автомобил со скопски регистарски таблички од засега непознати причини излетал од автопатот и се превртил во еден од доловите, објави порталот Шеталиште.

Според информациите, во несреќата загина 75 – годишна жена, а има и повредени лица кои моментално сите се наоѓаат во Клиничката болница во Битола.

Полиција изврши увид на местото на несреќата.