Тешка сообраќајка на патот Струга- Дебар

Двајца моторциклисти се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи попладнево на патниот правец Струга- Дебар.

До незгодата дошло кога џип со струшки регистарски таблици удрил во група моторциклисти, при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди, пренесува Охрид Њуз.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информирал дека моторите на повредените биле со италијански таблички.

Едниот од нив е пренесен во струшката Општа болница, а другиот во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

И двајцата мотоциклисти се надвор од животна опасност.