Тешка сообраќајка пред Прилеп – пет лица повредени

Пет лица се повредени во судир на три автомобили во тешката сообраќајка која вечерва се случи пред Прилеп.

Повредените се веќе под медицински надзор во Градската болница во Прилеп, а на местото на несреќата полицијата врши увид.

Меѓу повредените е и едно тричлено семејство кое се автомобилот се движело од Прилеп во правец на патот кон Македонски Брод.
Се’ уште нема информации во какви околности се случила несреќата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.