Тешка сообраќајка во Аеродром

На булеварот АСНОМ во близина на спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, синоќа во 21 часот и 30 минути се случи сообраќајна несреќа во која едно лице се здоби со тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност, пишува Прес 24.

Сообраќајната несреќа се случила меѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски таблици, управувано од 52-годишниот В.Ѓ. од Скопје и  „матиз“ со скопски регистарски таблици, управувано од 20-годишниот С.А. од Велес.