Тешка сообраќајка во Чаир

Две возила се судрија на улицата Христијан Тодоровски- Карпош во близина на стадионот Чаир.

До сообраќајката дошло кога денеска околу 13:20 часот, двете патнички возила со скопски регистарски таблички, „мерцедес“ и „пасат“, се судриле меѓу себе.

Засега само двајца патници се пожалиле на повреди, кои веднаш се префрлени во Ургентниот центар.

2500soobracajka-cair-2

Увидот се уште трае. Засега, причините за сообраќајната несреќа не се познати.

Фото: Ѓорги Личовски „Република“