Тешка сообраќајка во Ченто

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 22 часот во скопската населба Ченто.

Во сообраќајката се судриле два автомобили кои имале голема материјална штета. Засега нема информации за тоа како дошло до несреќата, ниту пак за посериозни повреди на инволвираните лица.

Повеќе информации за сообраќајката полицијата најави за денеска.