Македонија,Крими хроника

Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров, двајца текшко повредени и еден загинат!

Тешка сообраќајка во Ѓорче Петров, двајца текшко повредени и еден загинат!

Тешка сообраќајна незгода се случила на  13.07.2014 година околу 04,15 часот во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ . Во несреќата се судрилетри возила од кои две тешки моторни возила марка  „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(29) и марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Н.(37) и  е дно возило марка  „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки.

На лице место починало лицето Тони С.(33) од Скопје од возилото марка „Цитроен“, додека лицето Д.Ј.(35) од истото возило се здобил со тешки телесни повреди и е е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Возачите на двете тешки моторни возила се здобиле со телесни повреди и на двајцата им е укажана лекарска помош во ГОБ-Скопје, при што М.Н. е пуштен на домашно лекување додека И.М. е задржан за понатамошно лекување, соопштија од Министерството за внатрепни работи.