Тешка сообраќајка во Гостивар, повредено 9 годишно девојче

Во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 10 часот е повредно 9-годишно девојче.

Тешката сообраќајка се случила на регионалниот пат Гостивар-Градец, информираат од СВР Тетово.

Во непосредна близина на училиштето „Наим Фрашери”, автомобил “Форд фокус” со тетовски регистерски таблици, што го управувал 19 годишниот Ш.С. од Градец, налетал на девојчето кое се обидувало да ја премине улицата.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болниц, а оттаму, итно е префрлено на скопските клиники, во животно-загрозувачка состојба.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа.