Тешка сообраќајка во Кисела Вода, тројца повредени

Тешка сообраќајка се случила рано утрово во Кисела Вода.

Две возила „сеат ибица“ и БМВ се судриле на булеварот „Борис Трајковски“, при што се повредени три лица.

Според изјавите на очевидци, што ги пренесоа некои медиуми,тројцата тешко повредени едвај биле извадени од автомобилите. На местото на несреќата биле присутни полициски возила како и пожарникарски возила и Брза помош.

Булеварот Борис Трајковски беше затворен за сообраќај.