Тешка сообраќајка во Ново Лисиче – Автомобил се заби во цистерна (видео)

Голема сообраќајка се случила доцна ноќеска, околу 3 часот наутро во Ново Лисиче во близина на бензиската пумпа на Булевар Србија. Автомобил полн со млади лица се забил во паркирана цистерна за гас која стоела на бензинската, објави MK news.

Од засега непознати причини автомобилот со голема брзина се забил во задниот дел на цистерната но вистинска среќа е што автомобилот не експлодирал бидејќи цистерната се наоѓала на самата бензинска а во нејзина непосредна близина имало и други цистерни.

soo-mk2

Според првичните информации 4 млади момчиња кои биле во автомобилот се повредени, но биле свесни и се извлечени од возилото во компактибилна состојба. Како што јавува новинарот на MKnews голем број на очевидци притрчале да помогнат, а околу момчињата кој биле легнати на земја им помагале и нивни другари кои најверојатно биле со други автомобили.

Според информациите момчињата се млади и биле во свечена облека најверојатно биле гости или пак самите прославувале матурска вечер.

soomk3

soomk55

На местото веднаш пристигнала и брза помош, која ги префрлила повредените во болница. Очевидци со апарати за гаснење пожар го прскале автомобилот и цистерната за да не дојде до опожарување.

Нема информација за состојбата на повредените, но според очевидците немале видливи големи повреди на телата по несреќата.

Порталот MK News објави видео снимка од сообраќајката.