Тешка сообраќајка во Охрид, еден загинат

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 8 часот кај охридското село Лескоец.

Несреќата се случила кога патничко возило удрило во пешак кој се движел на коловозот.

Пешакот починал на лице место. Полицијата во моментов извршува увид по што ќе бидат познати повеќе детали.