Тешка сообраќајка во Скопје – Почина 17 годишно момче

Почина момче од  Скопје, во сообраќајка која се случила синоќа во 11.30 часот. Петар Ј.(17) починал на пат кон Ургентниот центар.

Несреќата се случила на улицата Јустинијан први, а во неа учествувале „рено лагуна“ со скопски регистерски ознаки, управувано од А.Д.(48), „форд мондео“ со скопски регистерски ознаки, управувано од М.С.(50) и моторцикл „мондиал“, управувано од жртвата.

Со телесни повреди се здобиле две сопатнички од моторциклот, на возраст од 16 и 17 години, кои се пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар за укажување на лекарска помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.