Тешка сообраќајка во Струмица, девојка се бори за живот

Денес околу 16 часот се случила сообраќајна незгода кај Струмица во која според податоци од очевидци потешко е повредено едно лице, јавува порталот Струмицаденес.

Сообраќајката се случила на излезот од Струмица кон Дабиле во близина на болницата ,,Филип Втори”. Сообраќајката според очевидци се случила откако едно возило удрило во возилото пред него по што се извртело и пременало во спротивната лента, во која се судрило со друго возило.

tesk-1

Причини за сообраќајната незгода била неприлагодена брзина и небезбедно растојание. Потешко е повредена девојка која била совозач. Другите учесници во сообраќајката поминале само со гребнатини.

tesk-2

Полицијата е на местото на настанот и врши увид. Патот Струмица-Дабиле е отворен за сообраќај, но се одвива отежнато на местото на сообраќајната незгода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.