Тешка сообраќајка во Тетово, четворица повредени

Четири лица се повредени во сообраќајка несреќа во која учествувале три автомобили која се случила вчеравечер на крстосницата на улицата „Илинденска“ и регионалниот пат Тетово-Брвеница.

Во сообраќајката учестувале „Ауди“ со тетовски таблици управувано од С.З.(29) од Непроштено, „БМВ“, исто така со тетовски таблици што го управувал 21-годишниот Х.С. од Тетово и паркирано возило „Форд фиеста“, сопственост на 28-годишниот гостиварец В.А.

Во несреќата полесно повредени се двајцата возачи, како и двајца сопатници од „БМВ“, на возраст од 11 и 21 година. Сите повредени со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, каде е задржан Х.С, додека другите повредени се пуштени на домашно лекување.
Извршен е увид и се утврдуваат причините за оваа несреќа во која вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари.