Тешка сообраќајка во Турција: Од свадба заминале во смрт

Седум лица загинаа, а 10 се повредени во сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа во југоисточниот дел на Турција.

Минибус, што превезувал патници кои се враќале од свадба, удрил во камион во близина на градот Бахче во покраината Османие

Најмалку 12 луѓе загинаа, а петмина беа повредени на 29 март во слична сообраќајна несреќа во покраината Санлурфа, во југоисточниот дел на Турција.