Македонија,Крими хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Железара, едно лице загинато

Тешка сообраќајна несреќа во Железара, едно лице загинато

Вечерва 10 минути по 19 часот во кругот на фабриката „Железара“ во сообрќајна несреќа загина пешак, Јордан Н., а уште едно лице е повредено и со возило на брзата помош е пренесено во ургентниот центар во Скопје.

Според информациите во нив удрило патничко моторно возило марка „Рено“ со скопски регистарски таблички. Полицијата врши увид и испитува причините за несреќата.