Свет

Тешки денови за семејството на Мандела

Тешки денови за семејството на Мандела

Семејството на Нелсон Мандела ја даде првата изјава по неговата смрт, опишувајќи ги наредните денови како особено тешки, пренесе „Би-Би-Си“.

„Столбот во нашето семејство веќе го нема“, изјавил семејниот портпарол. „Во нашите срца и души тој секогаш ќе биде со нас“, додаде генерал -полковник Темба Матанзима .

Погребната поворка со телото на Нелсон Мандела три дена ќе ги обиколува улиците на Преторија пред погребот на 15-ти декември.

Во среда, четврток и петок телото на Мандела ќе биде поставено во зградата на Владата.