Тешко гостување за Челзи, Јунајтед засилен пред дуелот со Тотенхем

Првиот ден од новата година, кога се во прашање спортските активности, ќе помине во знакот на новото, 20. коло од англиската Премиер лига.

Денеска ќе се одиграат сите натпревари, но убедливо, најголемо внимание ќе привлече пресметката на “Олд Трафорд”, помеѓу вечните ривали, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Менаџерот на “црвените ѓаволи”, Дејвид Мојес, потврди дека по кратка пауза на располагање ќе ги има и услугите на Вејн Руни, а најверојатно на клупата за резерви ќе се појави и холандскиот интернационалец, Робин ван Перси, кој беше повреден во изминатиот месец.

Многу тешка задача на гостувањето во Саутемптон ќе имаат фудбалерите на Чезли, а за нијанса полесна би требало да има тимот на Манчестер Сити кој ќе се обиде да слави на гостувањето во Свонси.

Актуелниот лидер на табелата, тимот на Арсенал важи за голем фаворит во пресметката против екипата на Кардиф, а Ливерпул ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен во дуелот со екипата на Хал Сити.

Денеска на програмата: Кристал Палас – Норвич, Свонси – Манчестер С., Арсенал – Кардиф, Ливерпул – Хал, Саутемптон – Челзи, Манчестер Ј. – Тотенхем, Фулам – Вест Хем, Стоук – Евертон, Сандерленд – Астон Вила, ВБА – Њукасл.