Магазин

Тешко кој може да одолее на овие слатки

Тешко кој може да одолее на овие слатки

Иако слатките не се најдобри за здравјето на човекот и се непријател на витката линија, на овој овошен грев е тешко да му се одолее.

Потребни ви се 250 грама чоколадо,150 грама маргарин,100 грама сушени брусници, 1 екстракт рум и 1 лажичка мед.

Начин на подготовка

Брусниците ставете ги во шолја и прелијте ги со рум, па оставете ги да отстојат два часа. Истопете го чоколадото, медот и маргаринот, додадете една лажичка рум. Од смесата ставете малку во корпичка, па малку од брусниците, па повторно од смесата.

Украсете ги по желба и оставете ги добро да се стегнат.