Тешко повреден лидерот на ИД

Во воздушни напади на американски авиони врз градот Ал Ќаим, на сироско-ирачката граница, тешко е повреден лидерот на џихадиситлката група Исламска држава (ИД), Абу Бакр ал-Багдади, тврдат медиумите на албански јазик во регионов, пренесе МИА.

– Примивме многу повредени, меѓу нив е и Багдади (43), потврдиле од Управата на болницата во споменатиот град.

Нападот бил извршен вчера додека Багдади одржувал состанок со лидерите на ИД. Исфрлените бомби погодиле и други објекти, меѓу нив и еден маркет каде загинале или биле повредени многу лица.

Откако ИД прогласи создавање „Исламски Калифат“ на териториите под нејзина контрола, Багдади ја доби титулата Калиф Ибраим и е првиот калиф на сите Муслимани по падот на Османлиската Империја пред сто години.