Тешко повреден полицаец во верижен судир

Во судир на три автомобили што денес околу 19 часот се случил во Кумодршка улица во Белград, повредени се две лица. Еден од нив е полицаец, кој се здобил со тешки повреди.

Во едното од возилата што учествувале во судирот се наоѓал и бригадниот генерал и командант на 204-тата воздухопловна бригада Предраг Бандиќ, пишува српски „Блиц“.

Несреќата се случила во моментот кога едно од возилата налетало на другите две кои што сообраќале пред него.

Тешко повредениот полицаец бил пренесен во Урентниот центар во состојба на бесознание, како и другото повредено лице.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.