Тешко ранет градоначалникот на украинскиот град Харкив

Непознат напаѓач денеска пукал во градоначалникот на украинскиот град Харкив, Хенадиј Кернес, и тешко го ранил.

Градоначалникот е во болница и е во животна опасност.

Харкив е втор по големина град во Украина, а украинските безбедносни сили, пред извесно време ги отстранија про-руските сепаратисти од државните објекти во градот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.