Тешко вооружување пристигнува во Доњецк

Големо засилување со тешко вооружување утрово пристигнало во Доњецк, местото на проруските бунтовници на истокот на Украина, јавуваат од агенцијата Франс прес од лице место.

Новинари на АФП, виделе шест тенкови и две оклопни возила на патот кај Доњецк, во месноста Шахтјорска.

Во месноста Маквик, пак, видена е колона од 15 камиони без регистерски таблици, од кои две носеле топови од 122 милиметри.

Светските агенции јавуваат дека вчера во околината на Доњецк се воделе жестоки борби, ден откако набљудувачите на ОЕБС в иделе голем број на необележани воени возила во делови кои се контролирани од бунтовниците. Властите во Киев сметаат дека бунтовниците добиле опрема од Русија.

„Повеќе од 40 камиони и тенкови се видени на патот источно од Макејевк“, наведуваат набљудувачите и додаваат дека во тој момент 19 возила биле големи и во нив имало војници со темно-зелени униформи без никакви обележја.

Повеќе од 4.000 лица загинале од почетокот на конфликтот во април, по што проруските сепаратисти ја преземале контролата во регионот на истокот на Украина, односно Доњецк и Луганск.

Краткиот прекин на огнот е на сила од 5 септмври, а од тогаш, па се досега убиени се стотина лица.