Тешка кражба во куќа во Битола

Тешка кражба во куќа во Битола. Крадецот се стекнал со имотна корист во вредност од 90.000 денари. Како што соопштува МВР, крaжбата се случил во временскиот период од 17.08. до 21.08.2015 година во Битола на ул.„Буковски Мост“.

Засега непознат сторител со подесен алат делувал на задната дрвена врата од визбата преку која влегол во спалната соба од куќата од каде одзел: службен пиштол марка ЦЗ 99 калибар 9мм. во кој имало рамка со 15 куршуми, паричник во кој имало 7.000 денари, 100 австралиски долари и разновиден златен накит, по што го напуштил лице местото, информира МВР.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 90.000 денари.

Тешка кражба во куќа во Битола
Тешка кражба во куќа во Битола

Увид на лице место извршила увидна екипа. Секторот за внатрешни работи Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Втора тешка кражба во Битола во два дена

Инаку ова е втор случај на тешка кражба во Битола и битолско во два дена. Во текот на вчерашниот дена МВР извести за уште една тешка кражба во овој регион. Во битолско е ограбена куќа, а крадецот влегол преку таван. Како што информира МВР, кражбата се случила во периодот од 07,30 до 11,00 часот  во село Средно Егри – Битола.

Непознат сторител во домот на Ј.Ј.(1936), влегол преку таванот од куќата. Крадецот од  спалната соба одзел: 2.000 евра, 2.000 австралиски долари, 5.000 американски долари, ловечка пушка марка ТОЗ-63, калибар 16мм со фабрички број 22593, која ја поседувал Јован со дозвола и златен накит.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 500.000 денари. Увид е извршен од страна на ОКТУПА  при СВР-Битола.

СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.