Тешка кражба во куќа во Демир Хисар

Десет илјади евра, 17.000 денари, седум златни петолирки и златен накит се украдени вчера од куќа во Демир Хисар, на улицата „Битолска“.

Како што соопшти полицијата, куќата  е сопственост А.С. (84), а кражбата е извршена во периодот од 16:30 до 00:15 часот, додека не бил дома.

Разбојникот насилно ја отворил влезната врата, влегол и пребарувал.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.