Тешка кражба во куќа во Скопје

На 06.05.2016 година во периодот од 10,20 до 15,20 часот во Скопје на ул.„Коце Металец“, во куќа сопственост на С.И.(46), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на задната врата од куќата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 12.000 евра во разни апоени, 15.000 денари и три златни женски прстени, а потоа го напуштил местото на настанот.

Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 750,000 ден.

Полицијата работи на случајот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.