Тешка кражба во куќа во Скопје

Тешка кражба во куќа во Скопје.  Од куќа на улицата „Кавалска“ во Скопје вчера биле украдени вкупно 200.000 денари, 800 евра, 20 швајцарски франци, два мобилни телефона и разновиден златен накит.

Според полицијата, кражбата се случила во периодот од 12 до 17 часот, а осомничен е непознат сторител кој насилно влегол преку еден од прозорите на куќата, сопственост на С.М.(42).

Разбојникот со кражбата стекнал противправна имотна корист од околу 400.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.