вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

Тешка кражба во Стајковци

krazba-vrata

Последни вести

Педесет годишниот А.Ф. од скопје, вчера во полициската станица Гази Баба пријавил дека во периодот од 29.05.2016 година до 02.06.2016 година во точно неутврдено време, на ул.„104“ во „Попово мало“- с. Стајковци, поточно од неговата  куќа, непознат сторител извршил тешка кражба.

При кражбата одземени биле 31 800 евра, а причинета е материјална штета околу 2.000 денари. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист за околу 1.958.880 денари.

Имено, сторителот  ја прескокнал ограда влегол во дворот, од скала која ја поставил на ѕидот и со употреба на погоден предмет делувал на прозорецот од горниот кат на куќата, влегол внатре извршил пребарување, ги пронашол и одзел парите и  заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Најчитани вести