Тешка кражба во стан во Гостивар

Тешка кражба се случила вчера попладне во станот на шеесет и шестгодишниот С.К. од Гостивар.

Од станот биле одземени пари и други вредни предмети во вредност од околу 700 илјади денари.

 

Крадецот го скршил прозорот од вратата и по пребарувањето одзел 170 евра, 5.000 денари, 30 швајцарски франци, една метална кутија со златен накит, еден златен женски часовник и еден машки часовник.

Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.