Тешка кражба во стан во населбата Ѓорче Петров

Tешка кражба  била извршена во стан во скопската наслба Ѓорче Петров. Од станот се одземени вредни предмети во вредност од 500.000 денари.

Утрово во 00.21 часот во полициска станица Ѓорче Петров, М.Т. (45) од Скопје пријавил дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 00.15 часот во неговиот стан на ул. „Лихнида“ непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со погоден алат го отворил прозорецот на дневната соба, влегол, извршил пребарување и одзел ЛЕД-телевизор, два преносни компјутери, таблет, три машки рачни часовници и околу 10 машки парфеми.

Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 500.000 денари. После тоа сторителот го напуштил местото на настанот.

Полицијата извршила увид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.