Тешка кражба во стан во Скопје

Тешка кражба се случила вчера во станот на педесет и петгодишната М.Н.К. од Скопје.

Како што информира МВР, сторителот насилно ја отворил влезната врата и од станот одзел 20.000 американски долари, поголема количина златен накит и неколку рачни часовници по што го напуштил местото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.