Тешка кражба во стан во Скопје

Пари и документи биле украдени вчера од стан на улицата „Милан Марковиќ“ во Скопје, каде како потстанар живеел Ј.М. (46).

Засега непознат сторител од станот одзел 1.500 евра, 1.500 српски динари и документи по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 92.000 денари.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.