Тешка победа на Атлетико

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во последниот натпревар од неделната програма од 30-то коло на шпанското првенство на својот стадион „Ванда Метрополитано“ извојуваа тешка победа над Депортива со 1:0, но се зацврстија на второто место на табелата.

Голот кој донесе три бода за „јорганџиите“ го постигна Кевин Гаеиро од пенал во 34 минута. Меѓутоа, гостите од Ла Коруња имаа неколку одлични шанси, па испуштија можност дури и да победат.

Атлетико е втор со 67 бодови, девет помалку од водечката Барселона, и четири повеќе од третиот Реал. Депортиво, пак, се бори за опстанок, претпоследен е 19-ти со 20 бодови и осум бодови го делат од местото кое обезбедува и в година учество во Ла Лига.

За одбележување е што голот на Гамеиро беше само третиот кој во петте неделни натпревари беа постигнати во најсилната шпанска лига.

Најмногу профитираше Валенсија која со победата од 1:0 кај Леганес, стрелец беше Родриго во 62 минута, се искачи на четвртото место со само бод помалку од Реал и пет од Атлетико.

Разочара Виљареал кој загуби на гостувањето кај фенерџијата Малага со 0:1 за која стрелец беше во 37 минута од пенал Кастро. Виљареал остана на петтата позиција со 47 бодови, далеку зад екипите кои се борат за пласман во Лигата на шампионите. За Малага ова беше само четвртата победа сезонава во која собра само 17 бодови.

Средбите меѓу Еспањол и Алавес и меѓу Еибар и Реал Сосиедад завршија без голови.