Тешка сообраќајка: Едно лице загина, едно е тешко повредено

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во тешка сообраќајка што се случила денеска пред 15 часот на регионалниот пат Куманово – Пчиња.

Несреќата се случила во близина на каменоломот Краста, а возилото џип „хјунадаи“ во кое се превезувале починатиот и неговиот сопатник кој е тешко повреден се наоѓа во нивите покрај патот.

Тешка сообраќајка: Едно лице загина, едно е тешко повредено
Тешка сообраќајка: Едно лице загина, едно е тешко повредено

Од Одделението за хирургија при Општата болница во Куманово потврдуваат дека кај нив е донесено лице со тешки повреди кое по укажаната помош е префрлено на Скопските хируршки клиники.

Околу 15:30 часот донесено е лице со повреди здобиени во сообраќајна несреќа. Направени се клинички и рентгенолошки иследувања. Лицето има повреда на главата и фактура на кичмениот столб, изјави доктор Драган Тасевски, дежурен хирург во Општата болница во Куманово.

Според очевидци до несреќата дошло кога голф со голема брзина налетал на џипот, кој во обид да избедне судир слетал во нивата.