Тешка сообраќајка кај Битола: Патниците заробени во возилото

Тешка сообраќајна несреќа се случи кај Битола. Заробени во возилото останале патниците откако утрово со својот автомобил излетале од патот во близина на Битола, кај исклучувањето за Демир Хисар, пишува Телеграф.

Возилото, со видни оштетувања, беше покрај патот, а како што ни рекоа од полициската екипа, која го чуваше просторот, немало загинати.  Полицијата чекаше влечна служба да го подигне возилото и да ги извади патниците од згмечениот автомобил, пишува порталот.

Фотографијата е превземена од ТЕЛЕГРАФ.МК