петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Тешка сообраќајка кај Катланово, едно лице загина во судир на автомобил и автобус

Уште една сообраќајна несреќа со човечка жртва во главниот град. Утринава на влезот на Катлановска бања се судриле автобус кој сообраќал од Транспортниот центар кон бањата и автомобил марка „Застава“ при што на лице место загинал возачот на автомобилот, објави Алфа.

katlanovo-soobr2

Поврзани вести

Според информациите до кои на лице место дојде телевизија Алфа се работи за човек на околу 30 години кој во моментот на насреќата бил сам во автомобилот. Додека екипата на Алфа била присутна, припадници на МВР и Јавен обвинител вршеа увид на местото на несреќата, а пожарникари чекаа да заврши увидот за да можат потоа да го исечат автомобилот и да го извлечат телото на загинатиот возач. Детали за тоа како дошло до оваа собраќајка со фатални последици МВР најави дека ќе соопшти подоцна.

katlanovo-soobrakajka

-Инаку главниот град за жал од поодамна е арена во која несовесни возачи предизвикуваат сообраќајни незгоди со потешки или полесни последици. Синоќа околу 22. 30 часот на булаврот Партизански одреди, во близина на „Сити мол“ дошло до карамбол на три возила при што се повредени четири лица. Според информациите на МВР две возила „Ауди“ и еден „Јагуар“ се тркале на познатиот булевар и вистинско чудо е што во несреќата нема фатални последици. Сите повредени се префрлени во болница но набрзо се пуштени на домашно лекување. Како куриозитет, еден од учесниците во трката е девојка родена 1997 година, објави телевизијата.

Најчитани вести