Tешка сообраќајка кај „Континентал“ (ФОТО)

Автомобил се преврте на кров доцна попладнево на булеварот „Александар Македонски“ кај хотелот „Континентал“ во Скопје. Причините за сообраќајната несреќа се уште не се познати.

15205795_10154618318775499_2067050625_o

На местото на настанот се излезени екипи на Итната медицинска помош и на скопската полиција.

Засега нема информации за загинати или повредени.

Фото: Република