Тешка сообраќајка кај кружниот тек во Порта Влае (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва, пред околу половина час, кај кружниот тек во Порта Влае.
Во моментот на терен полицијата прави увид, а присутно е  и амбулантно возило. Се’ уште нема конкретни информации за тоа што точно се случило. Неофицијално повредени се жена и три деца. Тие се префрлени во Ургентниот центар.

13589066_10209200930047567_479438883_o

13625237_10209200930647582_1948526284_n

При сообрајката, еден автомобил „матиз“ е превртен, а другиот учесник во сударот е такси возило.