понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 62

Tешка сообраќајка кај Петровец, скопјанец се бори за живот

Управувајќи автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, Ј.Д.(54) удрил во велосипедистот Х.К.(19) од Скопје.

полиција1

Последни вести

Едно лице е во животна опасност по сообраќајната несреќа која се случила вчера во 19.00 часот во Скопје во населбата Гоце Делчев на локалниот пат кон село Петровац.

Управувајќи автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, Ј.Д.(54)  удрил во велосипедистот Х.К.(19) од Скопје.

Х.К. со Брза помош бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести