Тешка сообраќајка кај Подмоље, едно лице загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи изутрина околу шест часот на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на бензинската пумпа Бесјани кај село Подмоље.

Како што информираат дел од медиумите, во несреќата загинал Н.Ј. (39) од охридското село Оровник.

Според СВР Охрид, до несреќата дошло кога патничко возило „Пежо“, управувано од Н.Ј од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возило „Хјундаи“, управувано од Љ.Ч (55) од Охрид.

Н.Ј бил пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите.

Во тек е увид и утврдување на причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.