Тешка сообраќајка кај Скопски саем, има повредени (ФОТО)

На мостот во близина на Скопски саем се случила Сообраќајна незгода,во која има повредени лица и материјална штета.

Сообраќајот во моментов се одвива отежнато само по една коловозна лента, односно останатите три ленти на булеварот се затворени.

Очевидци за Телеграф кажаа дека најверојатно причината за несреќата е лизгав, односно подмрзант коловоз и неприлагодена брзина на движење.

soobrakajka2

На лице место е пристигната и екипа на Брза помош, се очекува во секој момент и полицијата да го испита причините до кои дошла сообраќајката.

soobrakajka1

ФОТО: Телеграф.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.