Тешка сообраќајка кај Штип: Еден загинат, двајца повредени

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера вечерта околу 20 часот на локалниот пат Штип-Село Драгоево.

Од МВР информираат дека до несреќата дошло кога 49 годишниот Емил Д. од Штип управувајќи „Цитроен Ц5“ со бугарски ознаки, излетал од патот и се превртел.

Во сообраќајката животот го загубил возачот Емил чија смрт е констатирана по пренесувањето во штипската клиничка болница.

Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот З.К. (49), а со полесно е повреден вториот сопатник Д.Ѓ.(50), двајцата од Штип кои се задржани на натамошно лекување.

На местото на несреќата извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, додека автомобилот на технички преглед.