Македонија,Крими хроника

Тешка сообраќајка кај Требеништа, тројца повредени

Тешка сообраќајка се случи денеска околу пладне на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Требеништа, при што тешко се повредени три лица.

До несреќата дошло при директен судир на две патнички возила, на место каде во тек се градежни активности околу изградбата на новиот автопат.

Засега нема информации за идентитетот на повредените, освен дека сите тројца се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Причините за несреќата ќе ги утврдува истрагата, а во моментот во тек е увид на лице место. Повеќе информации во врска со несреќата се очекуваат подоцна во текот на денот.