Тешка сообраќајка на патот Гевгелија-Миравци, едно лице загина

миравци

М.К.(42) од с.Прдејци-Гевгелија, управувајќи „Фиат Темпра“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка „Шмитц“ управувано од О.К.(39) од Гевгелија. Во незгодата М.К.  починал на  лице место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош,информираат од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа од ПС Гевгелија,  а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

За време на увидот од 15 до 18 часот сообраќајот бил во прекин, а бил пренасочен кон магистралниот пат М1 клучка „Удово“.