Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, двајца повредени (ФОТО)

Попладнево околу 16.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево ( кај Ново село) се случи тешка сообраќајна несреќа, во која двајца се повредени и хоспитализирани. Еден од нив (Ј.А.) е со потешки телесни повреди, фрактура на глава и скшеници.

Двајцата првично се примени во гостиваската блнца а еден од нив е пренесен на скопските клиники.

Во сообраќајката учествувале три автомобили: „мерцедес“ со охридски регистарски таблици управуван од 66-годишниот стружанец Ј.А, „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управуван од 43 годишен турски државјанин А.А. кој бил со времен престој во Велешта, и возило „сеат ибица“ со скопски регистарски таблици, кое нема оштетувања.

Според првичните информации,  мерцедесот со скопски регистарски таблици се движел кон Гостивар, а мерцедесот со охридски таблици, кој во несреќата е превртен и видно оштетен, возел кон Кичево.

На терен се’ уште се врши увид.

 

14389930_10209794174878317_712891634_n

14398030_10209794176118348_1946485491_n

14398076_10209794172718263_935809249_n

14409042_10209794177038371_81003235_n

ра