Тешка сообраќајка на патот Велес – Штип, едно лице почина

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат Велес – Штип, по градската депонија, во која животот го загуби едно лице, а три други се повредени.

Во сообраќајната несреќа учествувале два патнички автомобили, БМВ со радовишки регистарски ознаки, и БМВ со британски регистерски ознаки. Како што информираат од МВР за Нетпрес, во сообраќајната несреќа што се случила синоќа околу 21.45 часот починала сопатничката во БМВ-то со британски регистарски ознаки, а станува збор за 67-годишната М.Н од Свети Николе, а возачот М.Н. (42) и другиот сопатник од возилото со тешки телесни повреди се пренесени во велешката болница.

Возачот на  БМВ-то со радовишки регистарски ознаки, 33-годишниот Г.Ѓ. со тешки телесни повреди бил пренесен во велешката болница, а оттаму во Ургентниот Центар во Скопје.