Тешка сообраќајка, повредени 20 лица

Во тешка сообраќајна несреќа, која се случи на влезот на Ковин од правец на Панчево повредени се дваесет патници, од кои десет деца, а една трудница е пренесена во ковиската болница поради стресот кој го преживеала.

Околностите на несреќата се уште се утврдуваат, но според првичните, се уште неофицијални информации, автобус на компанијата „Југопревоз“  налетал на ковински „комуналец“, кој се вклучувал на главниот пат.

Двајцата возачи претрпеле тешки повреди и од ковинската се префрлени во болницата во Панчево.

Увидот е во тек, а возачот на автобусот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран на Одделението за ортопедија во боницата во Панчево. Покрај него, во болницата биле примени и три деца, од кои две се пуштени на домашно лекување, а едно моменталносе наоѓа на опсервација и би можело да биде хоспитализирано на Одделението за хирургија.

Некои од повредените патници од автобусот се префрлени во болницата во Ковин.

Двајцата возачи се пратени на вонредни технички преглед, за да се утврди дали причина за несреќата е некој дефект.