Тешка сообраќајка во близина на Македонската граница- има загинати

На автопатот во близина на клучката кај Прешево утринава во тешка сообраќајна несреќа настрада едно лице.

До несреќата дошло кога автомобилот кој се движел во правец од Македонија кон Врање влегол во спротивната лента и налетал на возило кое се движело во правец од Врање кон Македонија.

Се уште не се познати фактите како дошло до судирот, но според првичните информации возачот на автомобилот кој се движел во правец од Македонија кон Врање го загубил животот.

Семејството кое се наоѓало во другиот автомобил е згрижено на одделението за Ургентна медицина во Врање и никој од нив не се здобил со тешки повреди.