Тешка сообраќајка во Хиподром, маж се бори за живот

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во населбата Хиподром на локалниот пат кон населба Илинден.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Киа Пиканто“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(37), кој  се здобил со телесни повреди и сопатникот на возраст од 6 години, која се здобила со тешки телесни повреди (фрактура на ногата) и  „Хундаи Гетц“ исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.К.(31) која се здобила со телесни повреди, додека пак совозачот Г.З.(31) се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност.