Крими хроника

Тешка сообраќајка во Ново Лисиче, се судриле мотор и такси

Тешка сообраќајка во Ново Лисиче, се судриле мотор и такси

Тешка сообраќајка се случила вечерва во Скопје, кога се судриле мотоцикл и такси возило. Мотоциклистот со возило на Брза помош веднаш е пренесен во болница.

Сеуште нема официјални информации за сериозноста на повредите со кои се здобил мотоциклистот, но сведоците велат дека станува збор за жесток судар.

Сообраќајната незгода се случи на булеварот „Февраурски поход“ на раскрсницата кај основното училиште „Лазо Трповски“ во Ново Лисиче, на којашто веќе извесно време се реконструира и светлосната сигнализација.